Рецепт: Пржени стапчиња од бакалар во пиво

Рецепт: Пржени стапчиња од бакалар во пиво
23.05.19   13:05

Прочитано : 141

Print This Article

Крцкаво и вкусно…

Потребно е:
1 кг
 бакалар (риба)
поголема количина масло (во зависност од тенџерето во кое ќе ја пржите рибата)
350 г брашно
100 г нишесте
1 лажица црвен пипер
1 лажица сол
1 лажиче прашок за печиво
прстофат црн пипер
350 мл пиво, ладно

Подготовка:
– Во длабок сад измешајте ги сите суви состојки.

– Во пивото, додадете 1 лажица шеќер и оставете го да отстои 15 минути. Потоа, полека додавајте ја сувата смеса во пивото и мешајте со жица за матење. Треба да добиете густа смеса. Вака подговена, смесата оставете ја да отстои 45 минути.

– За тоа време, парчињата риба убаво исушете ги со кујнска хартија (се претпоставува дека се исчистени и филетирани). Кога ќе бидат суви, исечете ги на долгнавести и кратки парчиња.

– Исто така, додека чекате да отстои смесата со пиво, може да подготвите некој сос.

– Во длабоко тенџере ставете поголема количина масло да се загрее на средна температура.

– Кога смесата ќе биде готова, измешајте ја уште еднаш со жица за матење и секое парче риба брцнете го во смесата. Така подготвени, ставете ги да се пржат во врелото масло, во неколку наврати.

– Пржете додека рибата да добие убава боја од сите страни, околу 15 – 20 минути.

Извор: mia.mk

  Категории: