(ВИДЕО) Првиот човек на „Алфите“ Примислав Димовски во „Лица“: На крвавиот четврток првпат слушнав за команда „пасивна сила“

(ВИДЕО) Првиот човек на „Алфите“ Примислав Димовски во „Лица“: На крвавиот четврток првпат слушнав за команда „пасивна сила“
15.04.19   23:22

Прочитано : 2,139

Print This Article

Од боксерскиот ринг до рингот на улиците и справување со криминалот. За сите предизвици и искушенија што ги носи неговата функција, но и за Примислав Димовски приватно, за „Крвавиот четврток“, и за искуствата со претходната и сегашната власт, уредничката Анета Кочишки во авторската емисија „Лица“ зборуваше со првиот човек на полициската единица „Алфи“.

-Ми олеснува што е генерална заложба и на политичкото раководство, враќањето на довербата на полицијата кај граѓаните и јас како лице на чело на таа единица работам во таа насока затоа што сериозно беше нарушен имиџот на „Алфите“ во еден период. Јас сум отворен и сакам да слушам и од обичните граѓани што се случува и како работат полицијаците и сѐ тоа да биде на ниво на една европска држава затоа што се стремиме да одиме натаму, рече Димовски.

Димовски зборуваше и за неговото искуство со претходната Влада.

-Општо имаше лоша атмосфера во државата – буквално „или си со нас или против нас“ во секој сегмент на општеството, а тоа е одвиваше и во полицијата. Јас се сметав за веќе етаблиран си бев свој и тоа на моменти ми создаваше непријатности. Имаше една ситуација кога бев стопиран поради контрола токму од едницита „Алфи“ почувствував ситуација како да бараат било што за јас да бидам приведен, веројатно затоа што ме сметаа за „крупна риба“. Бев три часа држен, на крај не бев приведен, но и да бев ќе беше незаконски. Тогаш на своја кожа почвствував ваква лоша ситуација, вели Димовски.

Димовски се осврна и на „Крвавиот четврток“. Вели дека дента како дел од единицата „Тигри“ од директорот добиле наредба да ја смируваат ситуацијата со употреба на „пасивна сила“.

-Дента бев со семејството кај мајката и татко на сопругата и ја гледавме собраниската расправа на телевизија. Одеднаш настанаа гужвите, не бев во тек со ништо и бидејќи не нѐ повикуваат мислев во ред. Можеби им било пресметено, на шала некогаш кажувам, на тогаш претседателот на СДСМ да добие по некој шамар, но настана многу лоша ситуација, рече Димовски.

-Бев повикан во касарната каде што е базата на „тигрите“. Веќе беше наредена интервенција кога влеговме во Собранието и имам една пикантерија – тогаш имаше наредба од директорот да се смири ситуацијата со употреба на „пасивна сила“. Тогаш првпат го слушнав тој израз. Колега од специјалните единици вели: Да не употребуваме палки или сила со зборовите „Јас си ги знам моиве“. Имаше голема гужва во Собранието, не можеше да се растера толпата без употреба на палка или шок бомба и така беше, првата употреба на палка и веднаш се расчисти ситуацијата. Таа наредба за „пасивна сила“ до ден денеска не можам да ја сфатам. И уште една пикантерија имаше довикување од масата „што се случува па не требаше да употребат сила“, раскажува Димовски.

-Во ниту еден момент актуелниот премиер Зоран Заев не повика да биде одбранет од приврзаници на партијата или од привзаници на полицијата кои се на негова страна, а можеби требаше затоа што редовната полицијата што беше распоредена таму не реагираше, значи Заев се грижеше да не ексалира ситуацијата. Разговаравме со колеги ако во еден момент некои колеги  постапеа без наредба или тргнеа да го спасуваат, другиве кои имаа друго нешто во глава, ќе го сфатеја како незаконско, па можеше сешто да настане, додава Димовски.

-Имаше и колеги кои не постапуваа, стоеја мирно, тие анализираа, си викаа можеби овие ќе победат, па дај јас да си стојам на страна и тие колеги до ден денес не можам да ги разберам и сега имам прилика тука јавно го споменувам тоа да не се повтори – не може да има полициаец кој нема да реагира посебно ако се работи за човечки живот, рече Димовски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории: