Протести во Србија и во Албанија – анализа во Студио 1

Протести во Србија и во Албанија – анализа во Студио 1
15.04.19   16:51

Прочитано : 53

Print This Article

Во делот од Студио 1 посветен на вестите од регионот и светот, во фокусот се опозициските протести во Албанија и во Србија.

-Одбранбената политика на власта во Белград е „ајде дојдете веќе еднаш да завршиме и ајде да излеземе на избори“ и втората дека опозицијата треба да се избори за своите права во Собранието, а при тоа, опозицијата која протестира надвор не е парламентарна опозиција. Треба да се знае дека опозицијата во Белград е поделена, па таа поделеност за сега успева да му помогне на Вучиќ да остане на власт, анализира новинарот Дејан Андоновиќ.

Како што додава, бројката на демонстранти во Србија се намалува, но најавите се дека следниот викенд протестите ќе бидат поголеми. Во Албанија, пак, протестите беа масовни и не поминаа толку мирно.

-Изминатиот викенд гореа барикади во Тирана, имаше обид за насилен влез во Собранието, имаше 100.000 луѓе и неколку уапсени демонстранти, што укажува дека Албанија, на оваа скала на незадоволство на оската Подгорица-Тирана-Софија-Белград, каде што има протести, овде е најексплозивно и тамошната опозиција веројатно побрзо ќе дојде до некои барања од опозицијата во Белград, објаснува тој.

Дел од анализата во Студио 1 се препукувањата во врска со апсењето на Џулијан Асанж. Еквадорскиот претседател Ленин Морено повторно го обвини дека шпионирал други земји од амбасадата каде што помина 7 години во азил, додека одбраната на свиркачот возврати дека откако е тој на власт, почна да му истекува добредојдето на Асанж во амбасадата.

Разговорот можете да го погледнете во видеото.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести