Број на објавени текстови денеска: 91

Пронајдена мајката на оставеното бебе

16.05.19   14:18

Прочитано : 1,180

Print This Article

Полицијата ја пронашла мајката која го остави своето новороденчето во парк до скопската населба Топанско Поле. Таа е малолетна и дала изјава дека не е во можност да се грижи за бебето, а тоа нема друг родител. Во присуство на нејзината мајка која и е законски старател, девојчето било однесено на лекар, пренесе Досие

– Малолетната мајка даде изјава дека не е во можност да се грижи за своето дете поради што, откако ќе се стабилизира неговата здравствена состојба, тоа ќе биде префрлено во згрижувачко семејство. Мајката има рок од три месеци да се предомисли, а ако тоа не се случи, бебето ќе биде дадено на посвојување – потврди Наташа Станојевиќ, директорка на Цетарот за социјални работи во Скопје.

Дали мајката ќе одговара затоа што детето го оставила во паркот веднаш по породувањето, ќе треба да се соопшти полицијата и обвинителството.

Бебето пред два дена беше пронајдено во парк во Топанско Поле од случаен минувач. Потоа беше пренесено на Клиниката за детски болести каде му е дадена неопходната медицинска грижа и тоа е во добра општа состојба.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести