Пронајдена црната кутија на пакистанскиот патнички авион

Пронајдена црната кутија на пакистанскиот патнички авион

– На местото каде што вчера се урна пакистанскиот патнички авион „Ербас“ е пронајдена црната кутија, соопшти денеска претставникот на авиокомпанијата „Пакистан интернешнал ерлајнс“, Абдулах Кан.

– Црната кутија со комплетните податоци за летот и снимената комуникација е пронајдена доцна синоќа и предадена е на истражната комисија, потврди Кан.

Во вчерашниот пад на пакистанскиот авион загинаа 97 патници и членови на екипажот. Авионот летал од градот Лахоре до Меѓународниот аеродром Џинах во Карачи, кој е еден од најпрометните аеродроми во Пакистан.