Промени на кормилото на 24Вести. Чадиковски главен, Хоџа програмски уредник

Промени на кормилото на 24Вести. Чадиковски главен, Хоџа програмски уредник
30.08.16   18:39

Прочитано : 6,199

Print This Article

Промени на уредувачкиот врв во 24Вести. Либертас дознава дека на местото на сегашниот главен уредник Сеад Ризвановиќ најверојатно ќе биде назначен Младен Чадиковски новинар од неделникот Фокус.

mladen

Промена има и на позицијата програмски директор.

Досегашниот Зоран Иванов заминува во пензија, а нов директор за програмата ќе биде Нехру Хоџа кој долги години до затварањето на твА1 беше на директорска позиција.

Чадиковски и Хоџа имаат долгогодишна соработка во ист тим, во твА1. Во моментот на нејзиното затварање Чадиковски беше главен уредник на А1.