Промена на планот: Мадона сепак нема да се појави на Евровизија?!

Промена на планот: Мадона сепак нема да се појави на Евровизија?!
14.05.19   21:56

Прочитано : 409

Print This Article

Учеството на Мадона на натпреварот за песна на Евровизија е под знак прашалник, објави Би-БиСи.

Извршниот директор на конкурсот, Џон Ола Сенд потврди дека учеството на американската ѕвезда
не е усогласено, односно таа не може да излезе на сцената за песна на „Евровизија“.

Во април, американски и британски извори блиски до Мадона, изјавија дека пејачката ќе пее две
песни на „полувремето“ – една од нејзиниот нов албум и хит од 1989 година. Сенд коментираше
дека не биле донесени конечни одлуки и сè е во процес на преговарање.

Натпреварот започнува на 18 мај, а оваа година тој ќе биде во Тел Авив, Израел. Локацијата оваа
година, исто така, предизвика реакции во музичкиот свет. Во јануари оваа година британските
изведувачи, меѓу кои Роџер Вотерс, Питер Габриел, Вивиан Вествуд и други испратија писмо до БиБи-Си, барајќи медиумскиот гигант да на врши пренос на натпреварот.

Според музичарите, Израел е место кое не ги штити човековите права, наведувајќи ги
континуираните конфликти со Палестина и палестинските граѓани.

  Категории: