Приведен убиецот кој со секира ги искасапи двете кучиња во Аеродром, има само 17 години

Приведен убиецот кој со секира ги искасапи двете кучиња во Аеродром, има само 17 години

Вечерва бил приведен убиецот на Гоца и Макс – двете кучиња од населбата Аеродром кои беа крвнички убиени со секира во септември годинава, објави А1он.

Станува збор за 17-годишниот Г.С., а бил приведен откако полицијата го идентификувала од снимките на околните камери на кои се гледало како тој ги убива кучињата.

Тој ќе одговара по член 233 од Кривичниот законик за мачење животни.

Крвавиот настан се случи во септември годинава, кога утрината жителите од Аеродром на булеварот АВНОЈ ги пречека ужасна слика на искасапени кучиња.

„Едното го најдовме мртво, а другото испушти душа во најлоши маки на пат до ветеринарна станица каде што го носеа активистите и се обидуваа да го спасат. Локви крв имаше насекаде, што значи дека убиецот ги бркал кучињата пред да ги убие“, сведочеа тогаш жителите.

Стануваше збор за две улични кучиња, Макс и Гоца, за кои жителите се грижеле со години и велеа дека биле неверојатни мирни и кротки миленици