Приватните национални тв упатија уцена до владата, или да им ги исполнеле барањата, или нема да ги сликале

Приватните национални тв упатија уцена до владата, или да им ги исполнеле барањата, или нема да ги сликале

Давачките за агенцијата ММА ги налути приватните телевизии. Од вчера бојкот на владата и министрите.

Асоцијацијата на приватните телевизии Сител, Канал 5, Телма, Алсат и Алфа од вчера се договориле и дале инструкции во редакциите во нивните информативни гласила да не се покриваат настани на владата и активности на министрите.

На ваков чекор сега во предизборието се одлучиле оти ништо, што наводно им било ветено од министерот Роберт Поповски не било исполнето а чашата, според извори во асоцијацијата ја прелило сознанието дека ќе треба покрај на ЗАМП да плаќаат и за авторски права на агенцијата ММИ која ја води Бодан Арсовски.

5-те национални телевизии ќе ја бојкотираат владата и министрите се додека владата не им ги исполни нивните барања.