Принц Едвард, грофот од Васекс во официјална посета на земјата

Принц Едвард, грофот од Васекс во официјална посета на земјата
16.05.19   18:13

Прочитано : 238

Print This Article

Помеѓу одложувањето на Брегзит и чекањето на датум за преговори со ЕУ, на само една година од посетата на британската премиерка Тереза Меј – во земјата пристигна член на британското кралско семејство, принц Едвард, грофот од Васекс.

– Големо задоволство ми е да бидам пак во земјата, не ми се верува дека е толку многу долго откако последниот пат бев тука. Морам да кажам дека не изгледа како да поминало толку многу време, кажа принцот Едвард.

Храброст и правилна политичка волја со која може да се постигне голем напредок, е пораката што минатата година ја упати Тереза Меј чија посета беше во екот на решавањето на спорот со Грција.

Пристигнувањето на принцот Едвард пак се толкува како потврда за одлично воспоставените односи меѓу двете земји.

– Минатата година прославивме 25 години, четврт век од воспоставувањето на дипломатските односи. Многу ни се блиски визиите иако сме многу различни земји, се разбира и по големина и по географија па и по правец – ние сакаме во ЕУ тие сакаат или можеби не сакаат вон ЕУ. Меѓутоа една посета што е уште една потврда дека македонската приказна се шири, кажа министерот Димитров.

Во присутво на претставници на невладините организации и новинари, претставникот на британското кралско семејство, се интересираше за проектите за почисто, помодерно и поурбано Скопје.

– Ова треба да го доживееме само како продолжување на добрите билатерални односи со земјата Велика Британија која инсистира на тоа да го задржи своето присуство на земја поддржувач на развојот на сите земји од Западен Балкан. Во неколку наврати тоа го имаа покажано многумина и владини претставници, јас сум правела неколку интервјуа со нив, кои инсистираат и покрај тоа што земјата излегува од Европската Унија, тие сакаат да го поддржат развојот на земјите од Западен Балкан и нивната аспирација да се зачленат во Унијата, сметајки дека секој треба да ја следи својата желба, вели Билјана Ѓоргиева новинар, долгогодишен репортер на ББС.

Акцентот на дводневните средби се фокусира на областите во кои Британија ѝ пружа поддршка на Северна Македонија во просперитетот, стабилноста и можностите кои ќе ги имаат идните генерации.

Принцот Едвард претходно ја посети Словенија, а денес, по Северна Македонија ќе отпатува и во Хрватска.

Лепа Џундева

  Категории:
view more articles

Останати вести