Примерните затвореници ќе одат на театар, опера, балет…

Примерните затвореници ќе одат на театар, опера, балет…
16.04.18   20:28

Прочитано : 299

Print This Article

Денес во Казнено поправната установа  „Затвор Скопје“ во Шуто Оризари, директорот на оваа установа Ѓоко Котевски и министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски потпишаа меморандум за соработка, со кој се предвидуваат активности за унапредување на културно – уметничките содржини за затворениците како една од најранливите категории граѓани. Мерките предвидуваат посета на културно – уметнички настани за примерните осуденици, збогатување на библиотеките, организирање на работилници и културно – уметнички настани во самата установа од осудениците и со гости уметници…

Според министерот Алаѓозовски, уметноста и креативноста се значајни алатки за ресоцијализација, а со овој  меморандум за соработка со КПУ  „Затвор Скопје“ започнува една структурирана соработка, со која ќе ги развиваме културно – уметничките содржини за една од најмаргинализираните групи граѓани.

„Со овие активности, не само што ќе овозможиме подобра ресоцијализација и подобра атмосфера во оваа установа, туку со подобрувањето на условите придонесуваме и кон исполнувањето на меѓународните стандарди во местата каде што престојуваат лица лишени од слобода. Министерството за култура е расположено да им помогне на казнено – поправните установи во оваа насока, а оваа пилот – програма, доколку се покаже како успешна, да се реплицира и во други  КПУ ширум земјата“, истакна министерот за култура.

Алаѓозовски и во прилика потенцираше дека Министерството за култура ќе продолжи и понатаму да спроведува политики кои имаат за цел културата да допре до сите граѓани подеднакво.

„Во таа смисла, приближувањето на културата и уметноста до најзагрозените, најмаргинализираните групи во општеството е огледало за степенот на развој, емпатија, солидарност и почитување на човековото достоинство и креативна суштина.  Тоа се вредности на модерните општества кон кои се стремиме, затоа ние постојано ќе охрабруваме и ќе учествуваме во развој на можности за креативно изразување и учество во културниот живот за сите граѓани без оглед на припадноста. Културата и уметноста имаат моќ да ги насочуваат луѓето кон креативни цели, кон спознавање на себеси и светот преку уметничките вештини, затоа ве повикувам сите да ги отвориме вратите за нив секаде, низ цела земја, дури и во овие места со затворени врати, и со тоа да покажеме дека можеме да го направиме и нашето општество во целина почовечно и подобро“, порача Алаѓозовски.

Директорот на КПУ  „Затвор Скопје“, Ѓоко Котевски посочи дека установата, освен оваа соработка, заедно со министерствата за образование и труд и социјална политика веќе разработува и модели на соработка, со која ќе се зајакнуваат дополнително креативните вештини на осудениците. „Работиме на активирање на работилници за копаничарство, скулптура, сликарство итн., кои би им помогнале полесно да се ресоцијализираат во нивниот пост – пенентецијарен период“, информираше директорот Котевски.

Реализацијата на соработката ќе почне веќе од идната недела со посета на културно – уметнички настани за најпримерните осуденици, а Министерството за култура веднаш ќе спроведе акција за збогатување на библиотечниот фонд на установата.

memoradum_kultura_kpu_skopje_alagjozovski_kotevski_16_april_2018_foto_3

memoradum_kultura_kpu_skopje_alagjozovski_kotevski_16_april_2018_foto_2

  Категории:
view more articles

Актуелно