Приказна за добра ноќ

Приказна за добра ноќ
23.08.19   14:33

Прочитано : 2,616

Print This Article

„Си беше еднаш една земја во која сите беа крадци…“ 

Која е таа земја – се прашував додека ја читав оваа прва реченица во  расказ на Итало Калвино, насловен „Црната овца“. До крајот на приказната нема одговор за која земја пишува тој. Нема детали (имиња, места) што би укажале каде се инспирирал за приказната – дали во Куба каде што е роден, но таму живеел сосема кратко, или во татковината на неговите родители – Италија, каде што и тој го поминал целиот живот. Но, бидејќи често патувал, можеби се инспирирал и од друга земја. Не знам. Приказната може да важи за секаде и за кое било време. Решив да ви ја раскажам.

Значи, си била еднаш една земја во која сите биле крадци. Преку ноќ секој жител излегувал „вооружен“ со лампа и со алат за обивање врати и упаѓал во куќата на соседот. В зори, на враќање дома со пленот, секој жител си ја наоѓал својата куќа исто така ограбена. Но, тоа никому не му пречело. Луѓето живееле во невидена хармонија. Еден крадел од друг, тој од трет, и така во круг – секој крадел од секого.

Во таа земја, синоним за работа била измамата во секоја ситуација –  и кога се продавало, и кога се купувало. Владата била востановена за да краде од народот, а народот времето го минувал во измами кон владата. Така животот си течел спокојно и по утврден ред, а жителите не биле ни богати, ни сиромашни.

Но, еден ден, никој не знае како и од каде, во земјата се појавил еден ЧЕСЕН човек. Наместо како сите други ноќе да излегува за да краде, тој си останувал дома и си читал романи. Кога крадците ќе дошле пред неговата куќа и ќе го виделе светлото во неговата соба, се враќале назад.

Ден по ден, таквата состојба им станала неиздржлива, па решиле да му кажат неколку работи на чесниот: ти и натаму можеш да си живееш мирно, но не смееш да ги спречуваш другите да работат! Му објасниле дека секоја вечер кога тој останува дома, по едно семејство останува без храна.

Чесниот немал што да каже во своја одбрана, па и тој почнал да излегува ноќе. Но, бидејќи бил чесен и воопшто немал намера да краде, цела ноќ шетал, најчесто одел до мостот и ја набљудувал реката. В зори се враќал дома и ја си ја наоѓал куќата ограбена. За помалку од една недела останал без пари, храна и покуќнина.

Колумата на Катерина Блажевска во целост прочитајте ја тука

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести