Придобивки од витаминот А

Придобивки од витаминот А
11.07.19   13:54

Прочитано : 307

Print This Article

Витаминот А е мастнорастворач, познат во две форми-ретинол и каротин (провитамин А). Тој не се произведува во организмот, затоа треба да се надополнува преку исхраната. Но не треба да се земаат големи количини на витамин А поради опасноста од настанување на хипервитаминоза. Организмот задржува голема количина на витамини во црниот дроб.

Зошто е важен витаминот А:

Чувар на здравјето на очите

Витаминот А е клучен за одржување на здравјето на очите. Недостаток на овој витамин може да доведе до ксерофталмија (оштетување на рожницата на окото) и Кокошкино слепило (ноќно слепило).

Ја подмладува и лекува кожата

Овој витамин помага за лекување на акни, егзема, псоријаза, изгореници и други кожни заболувања. Ја подобрува цврстината, еластичноста и функцијата на кожата и кожните жлезди. Го поттикнува создавањето на колаген и штити од појава на брчки. Се смета дека Ретинолот има способност да ја пегла кожата и да ги острани брчките до одреден степен.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Витаминот А е силен имуностимулатор. Без силен имунолошки ситем организмот е подложен на вируси и заразни болести.

Помага при раст и развој на коскениот систем

Каротинот го помага растот и развојот на здрав коскен систем. Витамин А е неопходен и за добрата состојба на непцата, забите, косата и ноктите. Недостаток на витамин А во организмот доведува до губење на косата, сува и кршлива коса.

Помага при дигресивни проблеми

Науката докажа дека овој витамин е одличен додаток за лекување на одредени цревни болести. Некои студии покажале дека со редовно користење се намалува ризикот за појава на чир до 50 осто.

комерцијална објава
извор: нашездравје

  Категории:
view more articles

Актуелно