Причина за пукањето во Александар Палас е пазарот за кокаин во Скопје и пошироко - по ликвидацијата на браќата Ајети, други го преземаат бизнисот

Причина за пукањето во Александар Палас е пазарот за кокаин во Скопје и пошироко - по ликвидацијата на браќата Ајети, други го преземаат бизнисот

Полицијата продолжува со истрагата за вооружениот напад во скопскиот хотел Александар Палас и откривање на идентитетот на напаѓачите кои многу лесно пристапиле до хотелот и со автоматско оружје испукале проектили кон петмина кои седеле во лобито и гласно коментирале занесени во темата на разговор. Додека трае периодот на истрага МВР тешко дека ќе соопшти поконкретни детали, но тоа само ги засилува гласините и непотврдените информации за извршителите, како и за причините за нападот. Дали овој вооружен инцидент е навистина напад кон одредена криминална група или пак, пукањето е само начин за привлекување внимание? И ова ќе се знае наскоро, затоа што инспекторите се сомневаат во сите верзии кои овие два дена се пласираат во јавноста, пишува НОВА.

ПО ЛИКВИДАЦИЈАТА НА ТРОЈЦАТА БРАЌА АЈЕТИ, КОКАИНОТ ГО ПРЕЗЕМААТ ДРУГИ

-Групата која беше мета на нападот ја оствари својата цел без оглед дали нападот бил навистина од противници или во сопствена режија, коментираат истражители кои се дел од потрагата по сторителите, затоа што за една ваква група е важно да има медиумско внимание со цел да испрати порака до другите групи со кои се бори за превласт на црниот пазар. Она што со сигурност го знае полицијата е дека причината за инцидентот е пазарот за кокаин во Скопје и пошироко. По ликвидацијата на Џелал Ајети од Арачиново во 2013-та година, а претходно на неговиот брат Неџмедин во 2005-тата, како и ланското усмртување со оружје на вториот негов брат, Наим, пресретнат од возило на улицата Франклин Рузвелт во Скопје, други групи го преземаат приматот на пазарот на наркотици. Постојаните престрелки помеѓу нарко групите отсекогаш биле за превласт на пазарот или пак, за нерасчистени финансиски сметки. Изворите на НОВАТВ пренесуваат дека нападнатата група во хотелот, пред два дена, била комбинирана, некои се приврзаници на групата на Шеваљ Муареми од Грчец, некои се на групата од Дуќанџик. Но, кој точно пукал врз нив? Тие во полиција вината ја насочиле кон младиот Ајети, син на Џелал, односно внук на Неџмедин и Наим, кој е еден од последните во групата од Арачиново, која по смртта на неговите претци, тројцата браќа, престанала да биде доминантна на црниот пазар, а се поприсутна станувала мешаната група од Грчец и Дуќанџик. Така е и денес.

Повеќе на НОВА на следниот линк.