При пожар во Дом за деца без родители на Хаити загинаа 15 штитеници

При пожар во Дом за деца без родители на Хаити загинаа 15 штитеници

Помеѓу жртвите се седум бебиња и шест деца на возраст од 10 до 11 години.

Воспитачката во Домот, Роз-Мари Луи изјави дека на пожарникарите им требало еден час да пристигнат со местото на несреќата.

Пожарот бил предизвикан најверојатно од свеќи, кои се користеле бидејќи имало дефект во интерниот систем за електрично напојување.