Можен претседателски кандидат со медиумски блокади – Разговор во Студио 1 со Ѓорги Филипов

Можен претседателски кандидат со медиумски блокади – Разговор во Студио 1 со Ѓорги Филипов
21.02.19   21:49

Прочитано : 389

Print This Article

Гостин во отвореното Студио 1 со уредникот Александар Чомовски беше поранешниот амбасадор Ѓорги Филипов, кој ја најави својата кандидатура за претседател на државата во рамките на партијата СДСМ.

На прашањето дали мисли дека му се прават медиумски сопки бидејќи не е доволно споменат во медиумскиот простор откако ја најави својата кандидатура, вели дека се работи за недоразбирање.

-Мислам дека се работи за некое недоразбирање откако важи тој молк и мерење на тоа кој од кандидатите е присутен на која телевизија. Мислам дека некој не го толкува тоа добро. Јас сѐ уште не сум кандидат на СДСМ, туку еден од можните кандидати, нагласи Филипов.

За својата книга чиј наслов е „Воздигање над облаците“ вели дека насловот бил смислен одамна пред да се кандидира.

-Се работи за една состојба кога еден човек е нерасположен, со тешки мисли. Мојот учител ме учеше мислите да ги насочиме кон светлина затоа што креирајќи го тоа што го мислиме може и да ни се случи. Полека можеме да видиме дека животот и не е толку страшен. Тоа го напишав по едно полетување со ербас од Берлин. Беше морничаво, авионот се тресеше, луѓето беа намуртени по пет минути летна авионот и се виде сонцето, значи не било сѐ толку облачно. Ако го споредиме тоа со нашата држава можеби и не е толку страшно, само треба да знаеме дека некаде има некое сонце и да ја отстраниме таа лоша состојба во која сега се наоѓаме. Ќе дојде сонце и за нас, вели Филипов.

Филипов зборуваше за тоа како го доживува терминот консензуален претседателски кандидат.

-Јас би рекол дека тоа е во поширока смисла отколку само меѓу Македонците и Албанците. Терминот можеби не е најточно избран. Тоа е заеднички кандидат бидејќи во нашава ситуација се доста партии во игра. Едните се со СДСМ, другите со ВМРО-ДПМНЕ, трети со ДУИ, па има неколку партии од албанскиот, неколку од ромскиот народ и не е дефинирано што значи тоа консензуалност, но е некакво заедништво во предлагање на кандидат и тој треба да биде прифатен од сите. Треба да заврши времето кога ќе победи едниот кандидат, па другата партија не го признава, истакна Филипов.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории: