Премиерот Заев на скијање во Германија, со сопствено обезбедување

Премиерот Заев на скијање во Германија, со сопствено обезбедување
14.01.19   13:00

Прочитано : 1,377

Print This Article

Прес-службата на Владата испрати информација дека премиерот Зоран Заев за време на зимскиот одмор во Германија ќе користи службено обезбедување и дека трошоците му се платени од негова приватна сметка.

– Претседателот на Владата е во приватна посета на Германија и користи слободни денови. Сите трошоци за авионски билети, хотелско сместување и се поврзано со престојот се целосно во приватна режија покриени од страна на премиерот Заев. Заедно со премиерот во согласност со законите по службена должност е присутно и обезбедување – гласи потврдата што ја доби „Фактор“ од прес-службата на Владата.

Засега нема потврда во кој туристички центар ќе зимува Заев, но се претпоставува дека тој нема да му откаже верност на скијањето како негова омилена туристичка активност. Во минатото беше чест посетител на скијачките терени во Маврово и Бугарија, а лани со своето семејство беше во Италија.

Пред да го продолжи патот кон Германија, Заев неформално се сретна со косовскиот премиер Рамуш Харадинај на приштинскиот аеродром.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести