Премиерот и членовите на Владата ги намалиле личните службени трошоци за 26 отсто

Премиерот и членовите на Владата ги намалиле личните службени трошоци за 26 отсто
16.09.19   18:30

Прочитано : 130

Print This Article

Владата на Република Северна Македонија го објави најновиот шестмесечен извештај за трошоците на функционерите на актуелниот состав на владата, тргнувајќи, како што наведува во соопштението, од основниот принцип на отворена и транспарентна влада, и од принципот за јавност и пристап до информации од јавен карактер како основно право на граѓаните.

-Целта на оваа алатка е да врши мониторинг врз трошењата и работата на носителите на јавни функции и да ги наметне и промовира вредностите за кои оваа Влада силно се залага, а тоа се: штедење на парите на граѓаните и домаќинско работење, како и транспарентност и отчетност пред граѓаните, се истакнува во соопштението.

Според податоците што произлегуваат од мониторингот со помош алатката за отчетност и транспарентност, Владата на Република Северна Македонија во четвртиот циклус од своето владеење, односно во периодот од декември 2018 до мај 2019 година, ги намалила вкупните трошоци за 26 отсто, во споредба со првиот мониториран циклус кој го опфати перидот од јуни до крајот на ноември 2017 година.

Овој извештај го опфаќа периодот четири  и се однесува за личните службени трошоци на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, замениците на претседателот, министрите, замениците-министри, генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата, за периодот декември 2018 – мај 2019, бележи вкупно трошоци во овој мониториран циклус во висина од 16.184.264 денари, за разлика од првиот мониториран циклус, веднаш по стапувањето на должност на актуелната влада, кога се забележани трошоци во висина од 21.876.430 денар.

-Падот на вкпуните лични службени трошоци на носителите на јавни функции во  Република Северна Македонија, опфатени со овој мониторинг, бележи континуитет, ако се земе предвид и податокот за вкупните трошоци за претходно мониторираниот периодот од јуни до ноември во 2018 година, кога тие изнесуваа 18,259,116 денари, стои во соопштението.

За споредба, наведуваат, вкупните угостителски услуги преку мензи, ресторани и бифеа во рамките на институциите, во првиот мониториран период (јуни – ноември, 2017 г.), изнесувале 5.965.616 денари, а во најновиот извештаен период (декември 2018 до мај 2019) се намалени на 3.211.886 денари.

Вкупните угостителски услуги во земјата, според извештајот, преку надворешни угостителски објекти, од 4.098.762 денари, паднале на 1.610.929 денари во споредбените мониторинг циклуси, додека, пак, угогостителските услуги во странство од 935.652 денари се намалени на 716.318 денари.

Во соопштението се истакнува дека заклучно со четвртиот мониториран циклус од декември 2018 година до мај оваа година, Алатката веќе нема да ги прикажува трошоците на функционерите од претходната влада бидејќи споредбата ќе го зафати периодот на техничката владата.

Со овој најнов извештај за мониторинг на личните службени трошоци на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, замениците на претседателот, министрите, замениците-министри, генералниот секретар на Владата и државните секретари на министерствата, Алатката ги содржи финансиските и наративни извештаи за 24 месеци, поточно од јуни 2017 до мај 2019.

До Алатката за отчетност може да се пристапи преку следниов линк: https://vlada.mk/otchetnost-troshoci

Алатката со податоците до третиот циклус, која ги содржи споредбите со претходната Влада, ќе биде архивирана и достапна за преглед на сајтот на Владата на Република Северна Македонија.

  Категории: