Пожарникарите пристигнале околу 40 минути по превртувањето на автобусот

Пожарникарите пристигнале околу 40 минути по превртувањето на автобусот

Пожарникарските екипи пристигнале на местото каде што се преврти автобусот кај Карпалак 40 минути по несреќата. Ова дебата во емисијата „360 Степени“ на Алсат го потврди Драги Тарчуговски од Центарот за управување со кризи.

Според него, ова не е задоцнување со оглед на местото каде што се стационирани екипите во Автокоманда до местото на несреќата кај селото Ласкарци, особено за време на сообраќајниот шпиц во Скопје.

Пожарникарите беа задолжени за извлекување на патниците, од кои најголем дел беа приклештени под превртениот автобус.