(ВО ЖИВО) Пожарникари: Нотр Дам нема да се урне, структурата сочувана

(ВО ЖИВО) Пожарникари: Нотр Дам нема да се урне, структурата сочувана
15.04.19   23:38

Прочитано : 572

Print This Article

– Можеме да сметаме дека структурата на Нотр-Дам е спасена и зачувана во целост, изјави генералот Жан-Клод Галет, командант на Бригадата на пожарникари во Париз.

 

-Пожарот сега е со намален интензитет, појасни францускиот државен секретар за внатрешни работи Лоран Нуньез, повикувајќи да се остане „исклучително претпазлив”.

Претходно високите француски претставници изјавија дека не се сигурни дека катедралата ќе биде спасена.

Според градоначалничката на Париз Ан Идалго, најголемиот број од вредните предмети и реликвии кои се чуваа во Нотр-Дам се извлечени, а според ректорот на катедралата, Круната со трње и туниката на Сен-Луј, два предмети од исклучително значење за католиците, се „спасени” од огнот што ја опустоши Нотр-Дам од Париз, рече епископот Патрик Шовет, ректорот на катедралата.

Круната со трње, според католичкото верување, е онаа што римските војници ја ставија на Исусовата глава за да се потсмеваат со него непосредно пред неговото распетие.

Фондацијата културно наследство најави дека од утре ќе започне со „национално собирање на средства”, за да се поправи штетата предизвикана од пожарот што во моментов ја уништува катедралата Нотр-Дам во Париз.

Фондацијата за наследството е приватна организација, која работи на заштита и промовирање на француското културно наследство.

Истрагата за катастрофата што уништи добар дел од катедралата Нотр-Дам во Париз, се води како „ненамерно уништување со оган” и таа и е доверена на регионалната дирекција на судската полиција, објави обвинителството.

Почетокот на пожарот се смета дека е несреќен случај кој започнал на покривот на катедралата каде се изведуваат градежни работи, кога случајно искра  оган од тековната градилиште летнала на покривот на катедралата.

Државниот секретар за внатрешни работи, Лорен Њунез, претходно посочи дека потеклото на овој пожар досега без преседан во историјата на катедралата се уште не е познат

  Категории: