Пожар во шума во скопско Варвара, нема опасност од негово проширување

Пожар во шума во скопско Варвара, нема опасност од негово проширување
22.08.19   19:09

Прочитано : 63

Print This Article

Пожар избувна попладнево во шума во селото Варвара во општина Студеничани во околината на Скопје, во правец кон селото Добри Дол, изјави за МИА командантот на Територијалната протипожарна бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски.

Посочи дека во 17 часот имале дојава за пожарот од жители на селото и дека три возила со осум пожарникари се на терен.

– Пожарот е под контрола и не може да се прошири кон куќите и викендиците. Пожарникарите продолжуваат со гаснењето на пожарот, додаде Симоновски.

  Категории:
view more articles

Актуелно