Пожар над Пинтија, граѓаните во паника, пожарникарите немоќни

Пожар над Пинтија, граѓаните во паника, пожарникарите немоќни
18.08.19   15:52

Прочитано : 709

Print This Article

Жители на скопската населба Пинтија се обратија до Сител со фотографии дека гоелм пожар попладнево избил над населбата.

Според фотографиите, во опасност се куќите кои се на само 200-300 метри од пламенот.

Гори сува трева и нискостеблеста шума.

На самото место се противпожарни екипи на Град Скопје и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Во гаснењето на пожарот е вклучено и локалното население, а според нивни информации се чекало на екипа на МЕПСО да го исклучи далноводот за да може да се интервенира со канадери

  Категории: