Повторно за Папата удрен од метеор

Повторно за Папата удрен од метеор
16.05.19   12:45

Прочитано : 1,542

Print This Article

Италијанскиот уметник Маурицио Кателан направи кариера од скулптури кои се комични, вознемирувачки и далеку од суптилни. Во овој случај: неговото контроверзно дело La Nona Ora (1999), го прикажува папа Јован Павле Втори кратко откако бил погоден од метеорит.

Гледаме дека папата е паднат на црвениот тепих, во близина на скршено стакло. Но, исклучена е трагична несреќа. Папата е дискрено осветлен, сè уште во церемонијален став. Се чини дека не е мртов, само онесвестен.

Може ви се прости доколку мислите дека му се слошило поради киселини во стомакот, а не дека го погодило парче камен од вселената.
Додека предметот на La Nona Ora во својата едноставност е речиси како цртан филм, многу од делата на Кателан се комплексни до лудило.

Кателан, на темата за папата Јован Павле Втори размислувал на многу поинаков начин: посериозен, помалку фарсичен.

 

-Во почетокот, тој требаше да стои, со распетието во рацете – изјави Кателан за списанието Скулптура во 2005 година.

-Кога беше завршена и стоев пред него, се чувствував како нешто да недостасува, не беше целосно. Она што беше потребно беше многу едноставно: немаше драма и способност да се пренесе чувството дека стоите пред нешто необично и моќно. Немаше чувство на неуспех и пораз – вели тој.

La Nona Ora се чини создаденo за да вознемири. Но, во истото интервју, Кателан истакна дека неговата цел не била “провокација”.
– Ниту, пак, имав идејата да бидам “антикатолицист”. Јас, кој израснав пеејќи во црковен хор помеѓу светиците и олтарските момчиња – додаде тој

Дали La Nona Ora е навреда на верниците? Скулптура која сквернави? Решив да прашам некој што е добро образован во религиозни уметност, Мелани Холком, кураторка во одделот за средновековна уметност и манастири во Музејот Метрополитен.

-Не сум подготвена дефинитивно да го етикетирам делото како бласфемија – рече Холком.”

„Сигурно е двосмислено со елементи на хумор, суровост и непочитување, но исто така може да се прочита како почит на моќта на силите поголеми од нас самите. Се разбира, ја имаме моќта на метеорот, но исто така сум трогната од тоа како папата и крстот што го носи поминуваат неоштетени. Неговото лице останува спокојно, торзото цврсто, крстот исправен. Во средновековието, чудесно сочуваното тело претставувало сигурен показател за светоста”.

Во толкувањето на Холком на La Nona Ora, Кателан можеби навистина му оддава почит на папата Јован Павле Втори; кој друг би можел да претрпи таква несреќа и да остане исправен…

Масимилијано Гини, уметнички директор на Новиот музеј, а и пријател и поранешен соработник на Кателан, исто така, размислувал за односот на La Nona Ora со верата.

-Вообичаено – рече тој – Кателан се спротивставува на тие обвинувања со зборовите на Луиџи Пирандело: “Бласфемијата го активира светото”. Тој ја споредува La Nona Ora со работата на трансгресивниот француски филозоф Жорж Батај, кого го доживува истовремено како “бласфемичен и малку мистичен”.

-Исто така, во христијанството и римокатолицизмот, нема ништо посвето од страдањето – продолжил Гини, – ништо поскапоцено од откривањето на човечкото во светото, што La Nona Ora секако го прави.

Всушност, реакциите на дел од католиците не беа едногласно негативни. За многу коментатори – дел и од свештенството – делото претставува спомен на човештвото и кревкоста кај највисокиот религиозен авторитет, и пошироко како спомен на човештвото за Бог.

И покрај оваа важна нијанса, можеме да претпоставиме дека Кателан верувал дека неговиот предмет може да поттикне непријатност, не многу различна од онаа која пред повеќе од една деценија ја предизвика Piss Christ (1987) иконичната фотографија на Андрес Серано скоја го претставува распетието фотографирано во урина.

Серано, кој е католик, дал свое толкување на делото – но лутата јавност не била доволно стрплива за да ја слушне.

 

Сепак, дел од реакциите на La Nona Ora беа апсурдни. Кога беше изложено во Националната галерија на уметност “Зачета” во Варшава, Полска во 2000 година, двајца политичари силно се „вооружиjа“ во улога на куратори и направија свој обид за го “поправат” на она што го сметаа за богохулие. Самоназначените цензори го отстраниле каменот од папата и се обиделе, според некои информации, да ја исправат слулптурата и да ја постават на нејзините восочни нозе”, напиша Њујорк. На крајот, директорот на музејот ја изгуби работата.

Како и голем дел од опусот на Кателан, вклучувајќи го и Тој (2001), дефинитивно вознемирувачка скулптура на Хитлер кој се моли, покажуваaт какви длабоки ефекти можат да се постигнат кога познатите личности се ставаат во бизарни или лоши позиции. (Неговото влијание во овој поглед е огромно, како и врз уметникот Јани Леинонен кој неодамна го комбинираше кловнот на Мек Доналдс во христијанската иконографија)

Кателан е прилично повлечен од јавноста, а интервјуата што ги дава се елузивни и разиграни. Во крајна линија, тешко е да се потпреме на едно толкување за папата урден од метеорит. Можеби најдоброто што можеме да го направиме е да се расправаме меѓу себе.

“Должноста на уметноста е да поставува прашања”, изјави Кателан за Нумеро. “И ако сакате јасни одговори, тогаш сте на погрешно место.”

И без оглед на тоа што сака да каже, La Nona Orа на крајот зборува на јазик што Католичката црква добро го познава: Пари. Скулптурата заработи над 3 милиони долари на аукција, надминувајќи ја проценетата сума од 2 милиони долари.

Некои тоа би го нарекле тоа чудо.

извор: artsy
превод: Лени Фрчкоска

  Категории: