Потврда дека Тамара не била пратена во странство бидејќи ја чувале за промоција на спиналниот центар

Потврда дека Тамара не била пратена во странство бидејќи ја чувале за промоција на спиналниот центар
7.03.16   14:47

Прочитано : 15,985

Print This Article

Документ до кој дојде Либертас открива дека Фондот за здравствено осигурвање на Македонија на 8-ми октомври 2014 година испратил допис со кој препорачува пациентите кои боледуваат од сколиоза, кифоза или кифосколиоза да не бидат упатувани на лекување во странство бидејќи „се работи за заболувања при кои не постои итност за оперативно лекување“.
7658769878

787899009078

„Во крајна фаза на подготовка пред започнување со работа, а во рамките на јавните здравствени установи се наоѓа Спиналниот Центар со чиј делокруг на работење ќе бидат опфатени оперативните интервенции кај осигурениците кои имаат потреба од истите“, стои во дописот.

Дописот е испратен до директорот на Клиниката за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар, како и раководителите на Клиниката за трауматологија, Клиниката за ортопедски болести, Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, и Ургентниот центар.

Ова известувње било упатено и до првостепената и второстепената лекарска комисија кои одлучувале за случаите.

Еден од најекспонираните случаи од тој период беше малата Тамара Димовска која чекаше лекување во странство. Таа сепак не ја дочека одлуката и почина на 9 февруари 2015 година.

tamara

Дека постоело вакво барање лани во февруари откри и Аспазија Софијанова, директорка на Клиниката за детски болести, која рече дека одлуката за малата Тамара да не се лекува во странство дошла од повисоко ниво, односно се чекало да се отвори новиот спинален центар за таму да се лекува девојчето.

Скандалозно е мешањето на Фондот за здравство во одлуките на лекарските комисии во одлучувањето, бидејќи ФЗОМ ги плаќа парите за лекувањата а не треба да одлучува кои случаи се итни а кои не.

Очигледно популизмот и бескрупулозноста на здравствениот систем и ја одземаа на малата Тамара шансата да расте како и другите деца и да си го оствари сонот и да стане балерина.

view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести