Потребна ли е метла и во администрацијата – разговор со Павловска Данева во Студио 1

Потребна ли е метла и во администрацијата – разговор со Павловска Данева во Студио 1
17.05.19   22:12

Прочитано : 332

Print This Article

Во очекување „да заигра премиерската метла“ најавена за почетокот на јуни, тема во отвореното Студио 1 е – дали покрај кадровската реконструкција, „метлата“ е неопходна и за бројот на функционерските места и кој тип „метла“ е потребен за администрацијата и управата за таа да биде по европски стандарди. Д-р Ана Павловска Данева, професорка на правниот факултет, вели дека од законите што ги потпиша претседателот Пендаровски, Законот за организација и работа на органите на државната управа овозможува формирање и укинување на министерства.

-Законот во државава се менува многу ретко, за жал, се смени два пати во 2010 и 2019, но само во насока на зголемување на бројот на министерства. Последната измена чијшто указ го потпиша Пендаровски значи можност за формирање на новото Министерство за политички систем и односи со заедниците. Апсолутно е непотребно да постои уште едно министерство или ваков вид на министерство. Не претходеа никакви анализи, обично кога формирате каков било орган на државна управа, а особено министерство, претходат сериозни анализи од голема група експерти кои треба да докажат и финансиски и суштински и правно и политички дека има потреба од нов орган на државна управа, вели таа.

Според неа, јасно е дека коалицискиот партнер ДУИ извршил притисок да се направи вакво министерство, но и претходно јавно се зборуваше дека постоел политички договор и меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

-Финансиски импликации пишува дека нема, што е апсурдно, секој лаик знае дека ако се формира ново министерство, колку и да се преземаат постоечки службеници, како што кажа вицепремиерот Османи, се разбира дека тие ќе постојат, но тоа го нема во образложението на законот. Измената на законот ја предложија пратениците, а не Владата или МИОА, што говори сѐ уште за сервилен однос на собранието и пратениците кон Владата, но уште поинтересно е тоа што потпишаните пратеници се од сите пратенички групи, и од СДСМ, и од ВМРО-ДПМНЕ, и од ДУИ и независните пратеници кои излегоа од ВМРО-ДПМНЕ, вели Павловска Данева.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории:
view more articles

Останати вести