Потпишан меморандум за соработка меѓу Државниот студентски дом и НАПАГ

Потпишан меморандум за соработка меѓу Државниот студентски дом и НАПАГ
8.11.18   19:59

Прочитано : 51

Print This Article

Соопштение од Студентски дом “Скопје”:

Директорот на Студентски дом “Скопје”- Скопје  Дарио Николовски потпиша меморандум за соработка со Напаг – Национална асоцијација на престижни академски граѓани односно Stubrand.

Преку оваа асоцијација и компаниите вклучени во нејзината мрежа раководството на студентскиот дом ќе гради нови соработки за повеќе бенефити за студентите. Се работи за мрежа на компании кои самите студенти ги одбраа. Што уште еднаш докажува дека новото раководство на студентскиот дом се раководи според потребите на студентите. Напаг е прва асоцијација во регионот која ги промовира студентите од сите професии и универзитети со цел да им помогне да го искористат својот потенцијал.

 

  Категории: