Постигнат е договор за Брегзит!

Постигнат е договор за Брегзит!
17.10.19   12:41

Прочитано : 1,133

Print This Article

Постигнат е договор за Брегзит објави претседателот на Европската Комиисја Жан Клод Јункер.

„Таму каде постои волја, таму има и договор – го постигнавме! Тоа е фер и избалнасиран договор за ЕУ и Велика Британија што сведочи за нашата посветеност да се изнајде решение“, рече Јункер.

-Предлагам договорот да биде предложен на самитот на ЕУ, рече тој, пренесен од британските медиуми,

Дека има договор потврди и британскиот премиер Борис Џонсон.

„Имаме одличен нов договор“, напиша Џонсон на Твитер.

Двете страни работеа врз текстот на договорот, но нам и натаму ни е неопходна потврда од британскиот Парламент, но и од Европскиот Парламент, додаде Џонсон.

„Вол стрит џорнал“ напиша дека, сепак, станува збор само за „груб нацрт“ од договорот за „разводот“ на Велика Британија од ЕУ, како и дека пред преговарачите има уште многу работа околу деталите за усогласување и минување на процедурите низ парламентите. сд/

  Категории: