Последна шанса за спас на северниот бел носорог

Последна шанса за спас на северниот бел носорог
12.09.19   14:33

Прочитано : 116

Print This Article

Екипа ветеринари од Кенија извадиле десет јајце клетки од последните две женки на северниот бел носорог, со надеж дека ќе успеат успешно да ги оплодат со замрзната сперма и да му го продолжат животот на овој вид животни, кои се пред изумирање.

Последниот мажјак на северниот бел носорог во Судан, угина во март 2018 година, а сега научниците се надеваат дека јајце клетките ќе може да ги оплодат неговата  замрзната сперма.

Поради ловокрадците и загубата на природни живеалишта, овој вид е доведен пред целосно изумирање. Проектот за спас на белите носорози од целосно изумирање е заеднички напор на организацијата Ol Pejeta Conservancy од Институтот за истражување на див свет од германскиот град Лајбниц, чешката зоолошка градина и кениската служба за зачувување на дивите животни

-Среќни сме затоа што со ова партнерство сме чекор поблизу до спречување на истребување на овој загрозен вид. Ова е особено трогателен момент, со оглед на тоа дека последниот мажјак северен бел носорог, Судан, беше убиен во Кенија лани, рече Вон Баер, директор на Кенискиот институт.

Двете преостанати женки северни бели носорози, мајка и ќерка Наин и Фату, живеат под 24-часовна заштита во Кенија.

И двете, за жал поради генетиката, се неплодни. Ембрионите ќе бидат вметнати во сурогатот на женски јужен бел носорог, но сè уште не е познато дали операцијата ќе биде успешна.

Носорозите се втори по големина копнени цицачи по слоновите. Белиот носорог има два подвидови, јужниот бел и многу реткиот северен бел носорог.

  Категории: