Поразителни податоци за третманот на македонскиот јазик – разговор во Студио 1

Поразителни податоци за третманот на македонскиот јазик – разговор во Студио 1
24.05.19   23:01

Прочитано : 360

Print This Article
spasov

Сесловенските просветители Свети Кирил и Меродиј имале мисија за описменување на словенските народи, но каков е третманот на македонскиот јазик од денешна перспектива? На оваа тема во отвореното Студио 1 зборуваше професорот Људмил Спасов.

-Нивната мисија е извонредно значајна затоа што во тоа време кога постоеле три јазика на кои што е преведена библијата, тие го воведуваат словенскиот. Од денешна гледна точка ова значи признавање на словенскиот јазик како официјален јазик на една култура. И тоа се цени во светот особено во Европа, вели Спасов.

Професорот Спасов смета дека до опаѓање на нивото на македонскиот јазик доаѓа по осамостојувањето на Република Македонија кога почува ситуација на опуштеност и мешање на стиловите.

-Во еден момент почнува ситуација на опуштеност. Го имаме македонскиот јазик, па не мора толку да се грижиме за него. Има институции кои се грижат на директен и индиректен јазик. Но тоа олабавување почнува особено по осамостојувањето на Макеоднија, во смисла дека сите што зборуваат македонски сите го знаат перфектно и почнува опаѓање на нивото на јазикот во сретствата на јавна комуникација и во наставата. Ова доведува до ситуација дека сите стилови се измешани и наеднаш се чудиме дали беше ова тој стандарден јазик кој треба да го почитуваме, значи свеста некако опаѓа, истакна Спасов.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести