Поради „терористот“ Кантер, Турција забрани пренос на дуелите помеѓу Вориорс и Блејзерс

Поради „терористот“ Кантер, Турција забрани пренос на дуелите помеѓу Вориорс и Блејзерс
14.05.19   22:08

Прочитано : 490

Print This Article

Телевизијата која има право да ги емитува натпреварите од НБА во Турција, „Ес Спорт“, нема да ја емитува финалната серија помеѓу Голден Стејт Вориорс и Портланд Трејлблејзерс.

Оваа одлука беше донесена поради Енес Кантер, кој игра за Блезерс и кој беше обвинет за тероризам од страна на Реџеп Тајип Ердоган во Турција.

Кантер има забрана да влезе во Турција и поради сето тоа, „Ес Спорт“ објави дека нема да ги емитува натпреварите на Голден Стејт и Портланд.

– Ние нема да ја пренесуваме серијата помеѓу Вориорс и Блејзерс. Ако Портланд оди во финалето, ние нема да ги пренесеме ниту тие натпревари. Не зависи од нас, тоа е така”, изјави коментаторот на „Ес Спорт“, Омер Сарач, цитиран од американските медиуми.

Кантер имапросек од 13 поени и 10 скокови оваа сезона во плејофот.

  Категории: