Поради пожар на инсталацијата прекинат железничкиот сообраќај во Италија

Поради пожар на инсталацијата прекинат железничкиот сообраќај во Италија
Italijanski voz

Пожар на инсталациските кабли предизвика доцнење и хаос на главната железница во Италија, објавија италијанските медиуми.

– Сообраќајот на брзата железничката линија помеѓу Фиренца и Рим беше привремено прекинат и илјадници патници останаа заглавени на станиците. Возовите доцнеа до четири часа, а преку 40 беа откажани, соопшти државната железничка компанија РФИ.

Проблемот е предизвикан од пожар во инсталациската централа за контрола на брзите возови во Ровецано, во близина од Фиренца. Компанијата соопшти дека постои сомневање за намерно подметнат пожар. Од 5 до 8 часот по локално време целата линија помеѓу Фиренца и Рим, која ги поврзува северните и јужните делови на земјата, беше затворена.

Компанијата почна да ги поправа електричните кабли оштетени од пожарот.

Италија очекува и други нарушувања на сообраќајот оваа недела откако синдикатите повикаа на штрајк во јавниот транспорт, такси услугите, изнајмувањето автомобили и фериботите.