Поради компликации, Санадер од затвор е префрлен на Инфективната клиника

Поради компликации, Санадер од затвор е префрлен на Инфективната клиника
13.09.19   22:22

Прочитано : 287

Print This Article

Поранешниот хрватски премиер Иво Санадер , кој во затворот Реметинец издржува затворскаказна , денеска бил префрлен на Клиниката за инфективни болести во Загреб.

Поради тоа денеска на судот е е одложен продолжетокот на судењето за аферата Ина Мол , во кој Санадер заедно со унгарскиот бизнисмен Золтан Харнади , кој е во бегство, се товарат за земање и давање мито.

Судијата ги известила присутните дека во средата санадер бил префрлен во загрепската клиника , каде требало да го оперира коленото. Но , поради компликации и виозпаление , бил итно префрлен на Инфективната клиника.

Денеска во судницата требало да се сослуша сведокот Стефан Хурлимен по пат на видео конференциска врска од Швајцарија.

  Категории: