Поради бомбашки закани евакуирани три суда во Германија

Поради бомбашки закани евакуирани три суда во Германија
11.01.19   11:55

Прочитано : 35

Print This Article

Германската полиција денеска спроведе евакуација на вработените и присутните во судови во градовите Кил, Ерфурт и Магдебург, поради добиени закани дека во судските згради се поставени бомби.

Како што јави електронското издание на весникот „Хановерише Алгемајне Цајтунг“, заканите за поставени бомби во судовите во Ерфурт и Магдебург биле упатени по електронска пошта, додека за Судот во Кил преку телефонски повик во текот на ноќта.

Во тек е полициска акција за проверка на објектите на трите суда во која се вклучени и кучиња-трагачи по експлозиви.

Во исто време, полицијата во германската западна покраина Хесен на Твитер објави дека спровела евакуација на судници во суд во градот Визбаден, откако во неа бил пронајден сомнителен предмет

  Категории:
view more articles

Актуелно