back to homepage

Понуда за платен политички маркетинг за Референдум 2018

Понуда за платен политички маркетинг за Референдум 2018

Порталот Либертас (https://www.libertas.mk) за време на кампањата за Референдумот 2018, за платен политички маркетинг ќе го отстапи просторот за банери од десната страна на порталот – позиција бр.2 (со димензии 300х250) и просторот за банери на почетокот на секој од текстовите – позиција бр.3 (со димензии 468х80) и позиција бр.4 (со димензии 300х250).

Позицијата бр.2 е со добра видливост на десктоп, додека на мобилен е со помала видливост (се наоѓа подолу на порталот) додека позициите бр.3 и бр. 4 се со добра видливост и на десктоп и на мобилен бидејќи се наоѓаат во рамки на текстовите.

Позиции за десктоп:

Позиции за мобилен телефон:

Цените се следни:
3. – 6.000 денари на ден
4. – 5.000 денари на ден
2.1 – 4.000 денари на ден
2.2 – 3.500 денари на ден
2.3 – 3.000 денари на ден
2.X. – 2.500 денари на ден.

Цените се без 18% ДДВ.

Цената е иста за сите субјекти без можност за попуст.

На позициите бр. 3 и бр.4 има можност само за по еден банер истовремено и тие банери ќе ги добијат субјектите кои први ќе ги резервираат.

Појаснување за банерите на позицијата бр2 (2.1, 2.2, 2.3, 2.Х):

Кандидатите и политичките субјекти кои ќе резервираат некој од банерите на позициите 2.1, 2.2 или 2.3 гарантирано ќе го добијат банерот на соодветниот реден број или банер на погорен реден број доколку истиот не е закупен од друг субјект. Доколку биде закупен банер без реден број (2.Х) се добива реден број кој ќе биде слободен во моментот на резервација. Доколку не биде закупен банер на позициите 2.1, 2.2 или 2.3, банерот без реден број (2.Х) ќе биде прикажан на најгорната слободна позиција.

Пример – политички субјект резервира банер на позиција 2.3 во текот на една недела (7 дена). Во понеделник и вторник позициите 2.1 и 2.2 се зафатени од други субјекти и банерот се прикажува на позиција 2.3. Во среда, четврток и петок, позицијата 2.2 е слободна па банерот се прикажува на таа позиција. Во сабота и недела слободни се и позицијата 2.1 и позицијата 2.2, па банерот закупен на позиција 2.3 се прикажува на најгорната позиција (2.1) по цена од банер за позиција 2.3, а истовремено, на позицијата 2.2 ќе се прикажува банер без закупен реден број (позиција 2.Х).

Поставеноста ќе зависи од времето на резервација, односно субјектите кои први ќе резервираат ќе го добијат редниот број или ќе добијат погорна позиција, доколку закупат банер без реден број (позиција 2.Х).

Резервацијата се врши преку официјалната маркетинг и-меил адреса на Либертас – [email protected]