Помпео го поздрави ратификувањето на Протоколот за НАТО во Сенатот

Помпео го поздрави ратификувањето на Протоколот за НАТО во Сенатот
23.10.19   21:20

Прочитано : 61

Print This Article

 Американскиот државен секретар Мајк Помпео го поздрави ратификувањето на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Во неговата изјава, која денеска ја објави Стејт департментот, Помпео потенцира дека усвојувањето на пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО во Сенатот ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност и претставува важен чекор напред во напредокот на земјата кон членство во Алијансата, јави Гласот на Америка.

-Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Вчерашното гласање ја реафирмира постојаната определба на Северна Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото и нејзиниот придонес кон мирот и безбедноста во регионот. Ја очекуваме наскоро Македонија како 30-та членка на НАТО, се вели во изјавата на Помпео.

Американскиот Сенат вечерва со 91 глас „за“ и два против ја усвои Резолуцијата за ратификација на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

САД се 25-тата членка на НАТО од вкупно 29, што го ратификува Протоколот за пристапување на земјава во Северноатлантската алијанса.

view more articles

Останати вести