Помпео: Асанж ќе им биде испорачан на САД

Помпео: Асанж ќе им биде испорачан на САД
22.07.19   07:56

Прочитано : 57

Print This Article

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изрази уверување дека Велика Британија ќе им го испорача на САД основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, кој е обвинет за шпионажа, и покрај тоа што за тоа дело може да добие смртна казна.

-Ние веќе поднесовме барање, така што тој ќе им биде испорачан на САД, изјави Помпео за еквадорскиот весник „Ел Универсо“, во текот на посетата на оваа земја.

Помпео не сакаше да го коментира случајот, но додеде дека американската администрација верува дека човекот, кој, како што кажа, светот го изложи на опасност и ги загрози животите на американските војници, мора да биде изведен пред суд и казнет.

Сослушувањето за евентуалното испорачување на Асанж на САД  ќе биде оддржано во Лондон кон крајот на февруари следната годиниа.

Американското правосудство ја дозволува смртната казна за злосторствата меѓу кои се наоѓа и шпионажата.

Асанж во моментов во Лонодн ја отслужува казната од 50 недели затвор заради прекршување на условите на кауцијата, откако седум години мина во еквадорската амбасада во Лондон, за да го избегне предавањето на Шведска каде требаше да биде распрашан за наводно силување.

  Категории: