Помпео ја поздрави одлуката на ЕУ за старт на преговорите со Скопје и Тирана

Помпео ја поздрави одлуката на ЕУ за старт на преговорите со Скопје и Тирана

 Државниот секретар на САД Мајк Помпео ја поздрави одлуката на Советот на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија.

– Ја поздравуваме одлуката на Европскиот совет да отвори преговори со Северна Македонија и Албанија. САД остануваат ваш партнер за време на целиот процес, напиша Помпео на Твитер.