Помалку од половина затвореници штрајкуваат во „Идризово“

Помалку од половина затвореници штрајкуваат во „Идризово“
12.12.18   22:16

Прочитано : 51

Print This Article

Околу 270 затвореници вечерва штрајкуваат со глад барајќи да бидат опфатени со најавениот закон за амнестија за обвинетите од 27 април во македонското Собрание.

Од затворот „Идризово“ изјавија дека бројката на затвореници кои одбиваат храна е намалена за 60 од вчера кога штрајкуваа 330 затвореници.

Штрајкот на затворениците почна пред два дена кога храна одбија скоро сите затвореници но по најавата на премиеорт Зоран Заев дека амнестијата е само за учесниците во настаните од 27 април, бројот на штрајкувачи е намален на една третина.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести