Полу-вистина         

Полу-вистина         

   Тие што го формира СЈО, тие и го напраја нефункционално, тие што се повикуват на закон и судство тие и го нарушија правниот систем на државата. Овие полу-вистина на јавноста и се продават како вистинити.

Во политиката полувистината имат значаен удел во создавањето на политичката провиниенција. Политичарите се виртуозни во креирањето на политичката теорија врз полу-вистината. Еден дел ова го прават со цинична свест, со зацртена цел да манипулират со јавноста. Додека еден дел го прават во недостаток на информации, незнаењето или од други причини. Во демократските општества функционират различни институции, информативни, стручни, невладини организаци кој сигнализираат за тенденцијата на перверзија на полу-вистината како апсолутна вистина.

Што повеќе општествата се демократизираат се потешко е политичарите да манипулират со нив со полу-вистини. Во нашето општество постои една подготвеност свесно да се толерира полу-вистината. Се случија многу тажни настани, но ние сè уште не се ослободивме од заблудата на создавање заклучоци во мирување базирани на полу-вистини.

И така, само во Северна Македонија се случува партијата на власт да формира партиски комисии за да ја контролира нејзината власт, додека секаде во светот вакви тела креира опозицијата со предзнак “Влада во сенка”, со која опозицијата ја контролира власта. СДСМ во последниот состанок на Централниот Комитет, избра 17 водичи на партиски комисии, кои според именувањата и делувањата имаат слични задачи како министрите. Меѓу избраните е и екс-шефот на тајната полиција Зоран Верушевски, кој ќе раководи со партиската Комисија за внатрешна политика.

Сите политички парти во земјата им даваат предност на партиските војници, игнорирајќи ги посветените, докажаните и професионални кадри. Многу е чудно како еден Верушевски може да предизвикува надеж кај граѓаните, кога тој истиот во минатото не се догажал дека е ‘хелта’ за промени. Старите кадри тешко да го менуват менталитететот, бидејќи се уште ќе не трујат со полу-вистини како вистини и уште ќе тапкаме во едно место. Дечките од транзицијата никогаш ама никогаш не ќе можат да ја кажуваат вистината во права смисла на зборот.

За жал партите се уште повеќе вложуват во себе, отколку во функционален државен систем. Во овој домен е и аргументот дека тие што го формираа СЈО, тие и го направија нефункционално, тие што се повикуваат на закон и судство тие и го нарушија правниот систем на државата. Овие полу-вистини на јавноста и се продаваат како вистинити.

 

Дестан Јонузи