Полска го прекршила правото на ЕУ, утврди Европскиот Суд за правда

Полска го прекршила правото на ЕУ, утврди Европскиот Суд за правда
24.06.19   17:16

Прочитано : 155

Print This Article
EU sud na pravdata

Европскиот суд за правда оцени дека законот со кој се намалува возраста за пензионирање на судиите е спротивен на правото на Европската Унија.

Предметот го покрена Европската Комисија минатата година откако полските власти го донесоа овој закон, за кој голем дел од стручната јавност смета дека е обид за отстранување на „неподобните“ судии од системот во Полска.

Европскиот суд за правда денеска оцени дека овој закон не е согласно европското право и дека претставува загрозување на независноста на судството, стои во пресудата на највисоката судска инстанција на ЕУ.

Во своето образложение, Судот истакна дека националните судови имаат обврска да ги почитуваат и спроведуваат вредностите од повелбите на ЕУ врз кои почива заемната доверба на земјите членки.

– Иако организацијата на судството им е надлежност на земјите членки, факт е дека кога ја практикуваат таа надлежност, земјите членки имаат обврска да го почитуваат правото на ЕУ. Оттука, земјите членки мораат да воспостават доволно лекови за да обезбедат ефективна законска заштита на Повелбата на темелните права на ЕУ, стои во образложението на Судот.

  Категории: