Полн калаш национализам!

Полн калаш национализам!
24.03.19   12:14

Прочитано : 501

Print This Article

Ви пренесуваме дел од колумната на Дехран Муратов за Цивил Медиа:

Светот безгласно го одбележа терористичкиот напад на голобрадиот русокос терорист, во две џамии во Нов Зеланд, каде што пред една недела уби педесетина муслимани кои се молеле. Да, терорист може да биде и човек што нема брада, не е муслиман, има руса коса, или е без коса… Видовме дека неговата автоматска пушка беше испишана со радикали, националисти и фашисти кои вршеа терор и масакар врз сè она што е различно од нив.

Дел од светските лидери испратија веќе напишани и само копи-пејст сопштенија со сочувство и поддршка, со тоа што го сменија само името на државата во која се случи настанот. Но, овој пат без хаштагот #JeSuis…

Но, деновиве жителите на Нов Зеланд воведуваат нови „стандарди“ и ги напуштаат форматите со лицемерни поддршки и солидарност што секогаш остануваат само на хартија. Буквално сите, од ученици до моторџии, застанаа против национализмот и омразата.

Ја гледам премиерката на Нов Зеланд како се бори против националистите и си велам – А зошто не нè посвоите?

За нашето општество е загрижувачки тоа што типот кој извршил масакар, во судница го направи знакот на „белата моќ“, или кај нас попознат како знакот на „тврокорните“!

Целата колумна на Цивил Медиа на следниот линк.

  Категории: