Политички канибализам

Политички канибализам

Ситуацијата во македонското општество е тешка. Во основата на таа наша перманентна криза е што државата не е институционално изградена за, во еден чесен натпревар на способности, да им пружи шанса за добар живот на своите граѓани. Низ децениите, не успевајќи да ги достигне стандардите на отчетно и демократско поведение, се се сведе на „услуга за услуга“ – од претпријатија и универзитети, до високата политика. Јас твојот човек, ти мојот човек, јас за тебе, ти за мене.

Првите импулси дојдоа уште во деведесеттите од политичките институции во кои политичарите од позиција на доверена моќ да работат во интерес на народот, станаа трговци со таа моќ за приватна добивка. Тоа е дефиниција за корупцијата. И кога се околу вас се сведува на „услуга за услуга“, вашата лична дилема е да се придружам и да решам проблем на некој најблизок, ќерка или син, или шансата да ја препуштам на друг кој така ќе си го реши својот проблем. Ако се исчекори од системот на услуги, слаби ви се шансите за успех, но ако се приклучите можете само да добиете.

Се разбира, таквиот систем во кој живееме денес има последици и по целото општество. Дури би рекол дека од таквиот „систем“ може да пропадне држава. Имено, успешноста на една модерна држава се мери примарно со тоа колку создава прилики (opportunities) за сите свои граѓани, а особено за младите, да најдат работа со која ќе ја осигураат својата егзистенција. Во нивната економска сигурност и просперитет се темелите на благосостојбата на целото општество. За тоа е потребна одговорна власт која води во вистинска насока.

Вие нема најдобро да се снајдете во новиот капиталистички систем, ми вели странски соговорник во годините на создавањето на независната македонска држава. Свесен за темната страна на капитализмот и за отсуството на демократска свест и демократски институции, стравуваше дека народот на Македонија ќе стане лесен плен на корумпирани политички моќници, узурпатори на прокламираната демократија. Тоа и се случи.

Без визија за изградба на демократски институции кои би не штителе од узурпатори на власта, без желба да се обединат околу елементарните демократски правила, политичките партии, не ретко, како разбојнички групи тргнаа во освојување на власта за да се подмират себеси и својата интелектуална логистика. Малку кој мислеше на народот и државата.

Koумната на Денко Малевски во целост прочитајте ја тука