Покрај 68-годишниот маж, идентификувана и 68-годишна жена од загинатите во автобуската несреќа кај Лесковац, се чека идентификација на втората жена

Покрај 68-годишниот маж, идентификувана и 68-годишна жена од загинатите во автобуската несреќа кај Лесковац, се чека идентификација на втората жена
16.12.18   14:54

Прочитано : 325

Print This Article

Од МНР за 1ТВ информираат дека е идентификувана уште една 68-годишна жена од загинатите патници на автобусот што се преврте од патот во близина на Лесковац. Претходно, како што соопштија од МНР, беше идентификуван еден 68-годишен маж, а се чека на идентификацијата на третата загината патничка.

Министерот за здравство Венко Филипче, генералниот секретар на Владата Драги Рашковски и претставник од Амбасадата на Македонија во Белград ќе ги посетат повредените во несреќата во болниците во Ниш и во Лесковац.

Повредени се 32 лица, од кои 28 се надвор од животна опасност. Тие се згрижени во Општата болница во Лесковац, четири се на хирургија, еден е на ортопедија. Четворицата повредени со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. Станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблици Euroturs SU 3325 AC. Од МНР информираат дека чекаат дополнителни официјални информации.

Автобусот сообраќал на релација Битола-Прилеп-Велес-Табановце-Виена. Едниот од возачите бил од Битола додека вториот од Прилеп.

Во Прилеп автобусот пристигнал околу 19:30 часот и на тамошната автобуска станица во него се качиле 11 патници, потврди шефот на автобуската станица во овој град Љупчо Алексовски.

Српската полиција соопшти дека утринава во 1 часот и 45 минути, на автопатот кај Лесковац, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинале тројца македонски државјани-маж и две жени, а 32 се повредени. Според српската полиција, несреќата се случила кога автобус со македонски регистарски таблички на компанијата Еуро Бус, кој патувал од Битола за Виена, излетал од патот пробивајќи ја заштитната ограда и се превртел кај клучката Печењевци во близина на Лесковац. Возачите на автобусот не се повредени.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести