Поевтин нов Ајфон в март

Поевтин нов Ајфон в март

 Епл наскоро, најверојатно, ќе почне со нови понуди – поевтини Ајфони. Според пишувања на Блумберг, компанијата од Купертино, Калифорнија, САД, ќе почне со составување поевтини модели веќе од февруари.

Според наводите, Епл новиот телефон ќе го претстави в март годинава.

Гласините и предвидувањата за поевтин Ајфон модел започнаа да се шират минатата година. Некои од нив потекнаа од познавачот Минг-Чи Куа, кој важи за добар предвидувач кога станува збор за Епл.

Минг-Чи и Блумберг се согласуваат околу тоа дека поевтиниот паметен телефон ќе наликува на Ајфон 8 и ќе има 4,7-инчен екран, Епл А-13 чипови, кои се наоѓаат и во Ајфон 11 и обична идентификациска опција за вклучување. Односно, нема да може да се отклучува со покажување на лицето на сопственикот.

Во друг напис, Блумберг вели дека Епл неодамна од своите партнери побарал и поголемо производство на А-серија процесорите.