Поддршка за Јово Бакиќ

Поддршка за Јово Бакиќ
15.06.19   18:53

Прочитано : 1,238

Print This Article

Ги повикувам интелектуалците, новинарите и уредниците и сета јавност во Република Северна Македонија, да се солидаризираме со белградскиот социолог Јово Бакиќ и со редакцијата на неделникот НИН во кој беше објавено неговото интервју под наслов ”Мафијата ја зароби државата, следи револуција”. Неполни 24 часа по интервјуто во НИН, Бакиќ беше повикан на разговор во полицијата, откако за неговите ставови прво се огласи претседателот Александар Вучиќ. Факт од кој главниот и одговорен уредник на НИН, Милан Чулибрк, извлече заклучок дека Бакиќ е викнат по налог на извршната власт, а не по автономно наоѓање на надлежните.

Бакиќ смета дека Србија е влезена во фаза во која револуцијата се поставува како неизбежен чин и процес на менување на системот односно на режимот кој ја зароби државата, а од собранието направи “штала во која се мука”. Предвидува дека ќе дојде ден кога актерите на тоа заробување ќе бидат бркани по улиците. И други аналитичари сметаат дека власта ја мина линијата на која може мирно да се повлече.

Тој смета дека повод за неговото приведување не е самото интервју туку интерпретациите во режимските медиуми.

Неговото приведување без сомнение е облик на притисок, па дури и пресметка со инакумислечките луѓе. Бакиќ е истакнат активист на опозициските и на граѓанските движења против власта на Вучиќ.

На овој и на многу други случаи во соседството не смееме да гледаме како на “туѓа работа”. Тоа против што се бори Бакиќ, ние го имавме тука. И уште го имаме како опасна оставштина која не стигнавме да ја разградиме.

Бранко Тричковски – Фејсбук статус

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести