Подарок за пчелите оставен на покривите на автобуските постојки

Подарок за пчелите оставен на покривите на автобуските постојки
12.07.19   12:00

Прочитано : 249

Print This Article

Во холандскиот град Утрехт покривите на 316 автобуски постојки се покриени со растенија како подарок за пчелите.

Оваа зелена површина не само што ја поддржува биолошката разновидност на градот, како пчелите и бумбарите, туку и помага во фаќањето на фината прашина и ја чува дождовницата.
За зелените површини се грижат работниците што возат електрични возила, а автобуските постојки се опремени со енергетски ефикасни ЛЕД-светла и клупи од бамбус. Тие се само една од низата мерки што Утрехт ги воведе во обид да го подобри квалитетот на воздухот.
1
Фото: Utrecht Township

Градот има цел да воведе 55 нови електрични автобуси до крајот на годината и да има целосно чист јавен превоз до 2028 година.

Електричната енергија што ќе се користи за напојување на автобусите ќе дојде директно од холандските ветерници.

Исто така, Утрехт создаде шема што им овозможува на жителите да аплицираат за финансирање што ќе им овозможи трансформирање на нивните покриви во зелени покриви.

извор

  Категории: