Под драконски безбедносни мерки протестите во Грција по повод 10-годишнината од убиството на Григоропулос

Под драконски безбедносни мерки протестите во Грција по повод 10-годишнината од убиството на Григоропулос
5.12.18   14:16

Прочитано : 111

Print This Article

Низа протести во Атина и во другите грчки градови се закажани за утре по повод 10-годишнината од убиството на тинејџерот Алексис Григоропулос, јави дописничката на МИА од Атина.

Околу 5000 полицајци ќе бидат ангажирани за безбедноста во грчката престолнина, додека пак полицијата, протестите ќе ги следи и од воздух, со дронови и хеликоптери.

Како и секоја година, така и сега, почнувајќи од претпладневните, па се до вечерните часови закажани се низа демонстрации, организирани од ученици, студенти, но и од анархистите.

Првиот протест е закажан на 12 часот напладне од учениците и студентите, вториот е во 17 часот и 30 минути, додека пак во 21 часот ќе се одржи собир на местото на кое што беше убиено 15-годишното момче.

Демонстрации ќе има и во Солун, Патра, Лариса, Комотини, Јанина, како и на островите Лезбос и Крит.

Во минатото, речиси секоја година, протестите завршуваа со сериозни инциденти и судири меѓу маскирани лица и анархисти со полицијата, токму во населбата каде што беше убиен Григоропулос, што воедно е и населба што важи за собиралиште на анархисти.

На 6 декември 2008, Григоропулос, во атинската населба Ексархија беше застрелан од полицаец, кој е осуден на доживотна затворска казна.

  Категории:
view more articles

Останати вести