Почна седницата на Централниот одбор на СДСМ

Почна седницата на Централниот одбор на СДСМ
22.08.19   19:19

Прочитано : 387

Print This Article

Централниот одбор на СДСМ попладнево ја почна 11-та седница во седиштето на партијата во Скопје.

ЦО на владејачката партија се одржува еден ден откако беше приведена специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Претходно, во седиштето на партијата се одржа седница и на Извршниот одбор.

Премиерот Зоран Заев, пред почетокот на седницата за ТВ Сител рече дека актуелните случувања ќе бидат на дневниот ред на Централниот одбор на СДСМ.

На прашање дали ќе има одговорност и од функционери на СДСМ, тој посочи дека одговорноста ја утврдуваат истражните органи. За секој што се огрешил пред законот, па дури ако постојат индиции за таа работа, нагласи, ќе побараме политичко оградување од него, секако се додека не си ја докаже својата невиност или му се докаже вина.

  Категории: