Почна дисциплинска постапка за обвинителите кои ја опструираа истрагата за 27 април – меѓу нив и Ѓешковска

Почна дисциплинска постапка за обвинителите кои ја опструираа истрагата за 27 април – меѓу нив и Ѓешковска
7.11.18   17:04

Прочитано : 2,568

Print This Article
loading...
loading...

Обвинителството ја почна дисциплинската постапка иницирана од државниот јавен обвинител Љубомир Јовески за да ја утврди одговорноста на обвинителите кои ја опструирале и пасивизирале истрагата за упадот во Собранието од 2017 година.

На тапет се поранешната шефица на скопското обвинителство Гордана Ѓешковска, нејзиниот тогашен заменик Јован Цветановски ,како и тогашниот шеф на обвинителството за организиран криминал Златко Биковски.

Нив им се става на товар дека критичниот ден не дозволиле да се направи увид на лице место, како и заради тоа што го расцепкале предметот на помали истраги во надлежност на скопското обвинителство, а не во Oбвинителството за организиран криминал. Интерната истрага почна една година по кривично-правниот настан и доаѓањето на Јовевски на чело на институцијата.

Петчлена комисија, како што дознава 1ТВ, од вчера почнала да повикува сведоци, кои би помогнале во расветлување на вистината за целиот случај. Обвинители од скопското oбвинителство, како и од организиран криминал, биле прашувани за детаљи околу тоа кој бил дежурен тој ден, кој дал одлука да не се оди  на увид и слични прашања.Засега, не е ппознато колку сведоци се на листата на комисијата и кога може да се очекува конечна одлука.

Првиот човек на Обвинителството, Љупчо Јовески, за сега, останува само на дисциплинска одговорност, но нема да покренува кривична одговорност за тројцата обвинители. Дисциплинска постапка, не може да се спроведе ниту против тогашниот државен јавен обвинител Марко Зврлевски, кој повеќе не работи во Обвинителството и до неодамна беше под апанажа.

Споменатата обвинителска тројка повеќе од 2,5 месеци по случувањето на драматичните собраниски настани, во кои имаше обид и за убиство на пратеник, се занимаваше само со кривични пријави за насилство. Најстрогата казна во дисциплинската постапка е предлог на разрешување.