Почина писателот Методија Фотев

Почина писателот Методија Фотев
11.02.19   12:16

Прочитано : 163

Print This Article

Утрово, по кусо боледување, почина македонскиот романсиер и поет Методија Фотев (роден на 14 март 1932 година во Љубојно, Преспанско).

Фотев беше член на Друштвото на писатели на Македонија од 1957 година. Неговото книжевно творештво го сочинуваат повеќе романи: „Потомците на Кат“ (1966), „Селани и војници“ (1969), „Големите скитачи“ (1970), „Неплодна вода“ (1978), „Вивариум“ (2010), како и поетската збирка „Поезија не за одмор“ (2002).

Добитник е на наградите: „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Рациново признание“.

Погребот ќе се одржи утре, во присуство на најтесниот семеен круг.

  Категории:
view more articles

Актуелно

view more articles

Останати вести